Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.
Велика Британија и Швајцарија беа воздржани, а преостанатите 12 членки на Советот за безбедност – Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир гласаа „за“.
За усвојување на резолуцијата потребни се девет гласа „за“, со услов ниту една од петте постојани членки (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) да не гласа против.