САД со нови санкции за Венецуела

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна уредба со што на американските банки им се забранува да склучуваат нови финансиски договори со венецуелската Влада и државниот нафтен гигант „Петролеос де Венецуела” (ПДВСА).

Белата куќа истакна дека санкции се наложени со цел да се изврши притисок врз Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја прекине неговата „тиранија“.

Сепак, Белата куќа напоменува дека уредбата дозволува американското Министерство за финансии да издава лиценци за други трговски и хуманитарни трансакции, увоз и извоз на нафта и трансакции со огранокот на ПДВСА – „Китго“.

Минатиот месец администрацијата на Трамп предупреди дека ќе преземе сериозни економски активности доколку Владата на Мадуро не се откаже од плановите за создавање на Уставотворно собрание.

Новите економски санкции веројатно ќе ја влошат кризата во која се наоѓа венецуелската економија, чиј раст од 2014 година е намален за 35 отсто.

Новите санкции на САД против Венецуела претставуваат „најголема агресија“ против венецуелскиот народ, изјави денеска венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаза, обвинувајќи го Вашингтон за обид за разгорување на хуманитарната криза во земјата што е богата со нафта.

– Ние тоа не го разбираме, наведе Ареаза по разговорот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Тој истакна дека Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро „ќе се брани“.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина