САД со нови санкции за стотина припадници на режимот во Белорусија

Од:

САД денеска воведоа нови рестриктивни мерки за повеќе високи белоруски службеници и стотина други службеници на двегодишнината од почетокот на масовните протести во Белорусија.

Санкциите се поради „вклученост во широки нарушувања на човековите права, селективно задржување на мирни демонстранти… поткопување на демократските институции и неизбежната транзиција кон демократија“, се наведува во денешното соопштение на државниот секретар Ентони Блинкен.

Санкциите се воведуваат на датата кога пред точно две години имаше избори во Белорусија за кои меѓународната заедница со консензус потврди дека беа фалсификувани, а на кои деценискиот диктатор Александар Лукашенко прогласи победа. Ова предизвика масовни протести низ целата земја.

– Белорускиот народ демонстрираше исклучителен отпор за оддржувањето на продемократското движење две години, а по цена на големи лични жртви, се вели во соопштението.

Се наведува дека белоруската дијаспора во странство повикува на демократија, дека над 1,200 политички затвореници се наоѓаат неправедно зад решетки во земјата, но и дека во затвор се безброј обични граѓани на Белорусја.

– Мирните повици за демократија беа пресретнати со невидена брутална сила и консолидрани репресии од страна на режимот на Лукашенко.

Некои од најистакнатите санкционаирани службеници се Николај Карпианков, заменик министер за внатрешни работи и командант на внатрешната војска и Димитриј Балаба, команант на специјалните трупи ОМОН.

– САД го поддржуваат народот на Белорусија во неговите стремежи за демократска, суверена и просперитетна иднина. Ќе бараме одговорност за нарушените човекови права од режимот на Лукашенко, и ќе ги поддржуваме напорите за документација на нарушувањата, а виновните да бидат повикани на одговорност, изјави Блинкен.

Извор: мИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија