Северна Кореја најверојатно изврши нови ракетни лансирања, соопштија двајца неименувани официјални претставници на САД.
Според американски медиуми, официјалните лица изјавиле дека најновиот ракетен тест не ја загрозува безбедноста на Северна Америка и е сличен на претходните, кои беа спроведени во средата и на 25 јули.
Сепак, тие не можеа да прецизираат колку ракети биле лансирани, или за какви ракети станува збор.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за севернокорејските ракетни проби, наведувајќи дека станува збор за многу стандардни ракети со краток дострел.