САД се загрижени поради односите на Турција со Хамас

Од:

САД изразија загриженост поради односите меѓу Турција и палестинското движење Хамас, објави „Хуриет дејли њуз“.

– Ставот кон Хамас не ни е променет. Хамас се смета за странска терористичка организација, која продолжува да изввршува терористички акции и ги покажа намерите за време на конфликтот со Израел во летото, изјави синоќа портпаролката на Стејт департментот Џен Саки.

Нејзината изјава уследи откако шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу истакна дека лидерот на Хамас, Халед Машал, протеран од Катар, може да отиде во Турција.

– Стравуваме поради односите меѓу Хамас и Турција, посочи Саки.

Турција одржува блиски врски со Хамас. Машал често ја посетува Турција, а минатиот месец присуствуваше на конгресот на владејачката Партија на правдата и развојот.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас