САД се против планот за реформи на СЗО

Од:

САД, најголемиот донатор на Светската здравствена организација (СЗО), се спротивставуваат на предлозите организацијата да се направи понезависна.

Предлогот претходно направен од Работната група на СЗО за одржливо финансирање ги повикува земјите-членки постепено да ги зголемуваат задолжителните донации до 2024 година, така што нивните пари ќе сочинуваат половина од буџетот на организацијата, наспроти сегашните 20 проценти. Планот е дел од поширокиот реформски процес поттикнат од пандемијата СОВИД-19, која укажа на ограничувањата во способноста на СЗО да реагира на кризи порано.

Поддржувачите на реформата велат дека сегашното потпирање на доброволно финансирање од земјите-членки и добротворни организации, како што е Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, ја принудува СЗО да се фокусира на приоритетите поставени од финансиерите и да ги ограничува критиките од членовите.

Сепак, САД се противат на реформата, изразувајќи загриженост за способноста на СЗО да се соочи со идните закани, вклучително и заканите од Кина, изјавија официјални лица вклучени во преговорите. Вашингтон се залага за создавање на специјален фонд директно контролиран од донатори, кој би финансирал превенција и контрола на вонредни здравствени состојби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии