САД се повлекуваат од УНЕСКО

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одлучи да ги повлече САД од УНЕСКО, дознава „Њујорк пост“ од свои извори во Белата куќа.

Според „Њујорк пост“, причината за повлекувањето на САД од оваа меѓународна културна и образовна агенција е она што неговиот тим го нарекува „антиизраелска пристрасност“ и спротивставување на политиките за различност, еднаквост и вклучување (DEI).

Уште во февруари оваа година, Трамп нареди преиспитување на членството на САД во УНЕСКО, со посебен акцент на испитување на потенцијалниот антисемитизам и непријателски ставови кон Израел во рамките на организацијата, изјави функционер на Белата куќа, според „Њујорк пост“.

По завршувањето на преиспитувањето, американската администрација изрази загриженост за наводната пристрасност на УНЕСКО во корист на Палестина и Кина, како и за спроведувањето на политиките во областа на различноста, еднаквоста и вклучувањето кои, според мислењето на Белата куќа, се спротивни на интересите на американскиот народ.

Би можело да ве интересира

Иран ги предупреди САД: Не можете да прифатите примирје, а потоа вашиот сојузник да почне масакр

Нов Зеланд бара од САД танкери со гориво поради војната на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“

Аксиос: Како Хамнеи постигна двонеделно примирје со Трамп?

Иран: Преговорите со САД започнуваат во Пакистан со целосна недоверба кон американската страна