Американското воено воздухопловство (УСАФ) се подготвува да ги затвори своите три бази на територијата на Велика Британија,пишува независното списание „Старс и Стрејпс“.
Весникот тврди дека американската администрација веќе одлучила да ги повлече своите авиони и хеликоптери,како и воениот персонал во базата Мајлденхол,во Сафолк,како и базите Олимбери и Молсворт во англиската област Кембриџшир.
УСАФ засега нема официјален коментар на тврдењето на весникот за затворање на базите во Британија,освен објаснувањето дека „во тек е преразгледување на операциите во Европа“.
Военото воздухопловство на САД овие три свои бази ги има земено под наем од британското воено воздухопловство (РАФ).
Во базата во Сафолк се стационирани и американските хеликоптери ЦВ-22 Оспрејс.
Британското Министерство за одбрана одби денеска да го коментирање тврдењето за „затворање„ на базите,повторувајќи го само објаснувањето што веќе е дадено од американска страна,за „прегледот на потребите“ од базите на САД во Европа,вклуќувајќи ги и оние во Британија.
– Ние ќе го кажеме своето мислење,откако УСАФ ќе ги откријат своите планови, изјави претставник на Министерството за одбрана во Лондон.