САД се подготвени за преговори со Северна Кореја по историската спогодба за иранската нуклеарна програма, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
– Прогресот во однос на нуклеарните преговори со Иран јасно ја покажа нашата желба да почнеме дијалог со земји, со кои САД имаат разлики веќе подолго време, посочи Кирби.
Тој додаде дека САД се подготвени на такви преговори со Северна Кореја, доколку тие се искрени и автентични, доколку ја опфатат целата севернокорејска нуклеарна програма и да доведат до конкретни чекори кон нуклеарно разоружување.