САД се подготвени за преговори со Русија, доколку ја повлече војската од Украина

Од:

САД се подготвени да преговараат со Русија доколку руските трупи се повлечат од Украина. Ова го изјави американскиот заменик-државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд во интервју за „Ехото на Москва“.

– Доколку тој (Путин) е подготвен да ги повлече своите војници од Украина, ако е подготвен сериозно да разговара со нас дека оваа војна мора да заврши, ние сме подготвени да разговараме со него доколку е тоа така, истакна Нуланд.

Таа, исто така, нагласи дека САД ги одложуваат редовните нуклеарни вежби за да не придонесат за ескалација во момент на воени дејствија во Украина.

– Не го подигнавме нивото на нуклеарна безбедност во САД, нашата цел е да ја смириме ситуацијата. И генерално ги одложивме нашитенуклеарни вежби – оние што обично ги правиме четири пати годишно – затоа што сакаме да постигнеме деескалација, изјави Нуланд.

– Во приватни разговори со Кремљ секогаш велиме дека нуклеарното оружје никогаш не треба да се користи. Знам дека сите руски граѓани се согласуваат со нас во таа смисла, додаде американскиот заменик-државен секретар за политички прашања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад