САД се се поблизу до прогласувањето платежна неспособност, откако претседателот на Долниот дом на Конгресот, Џон Бејнер, категорично ја исклучи можноста за усвојување закон што ќе и овозможи на Администрацијата да зема кредити, доколку претседателот Барак Обама не направи отстапки.
Во таква ситуација американскиот секретар за финансии Џејкоб Лу предупреди дека Конгресот „си игра со оган“ и ги повика конгресмените брзо да го усвојат законот, што ќе и овозможи на Администрацијата повторно да почне со работа и да се зголеми лимитот на државниот долг.
Лу изјави дека Обама и натаму е против прифаќање на барањето на републиканците за промени во Законот за здревствена заштита и за намалување на буџетските трошоци, во замена за усвојување на закон што ќе овозможи нормално функционирање на владините служби и зголемување на лимитот за земање кредити.
Бејнер нагласи дека претседателот треба да преговара, ако сака да заврши парализата на државната администрација и да се избегне прогласувањето инсолвентност, што може да предизвика финансиска криза и рецесија како во 2008 година.