САД се отворени за нова средба со Иран во Женева

Од:

САД се согласуваат на нова меѓусебна средба со Иран во рамки на преговорите за нуклеарното прашање меѓу Техеран и шесте светски сили денеска во Женева, истакна портпаролот на Стејт департментот Мари Харф.

– Ние би прифатиле можност за меѓусебна средба, изјави Харф за време на паузата во разговорите меѓу Иран и „шесторката“ (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија).

Претходно ирачкиот заменик министер за надворешни работи, Абас Арагчи нагласи дека ниту иранската, ниту американската делегација побарале ваква средба.

Американскиот државен секретар Џон Кери минатиот месец во Њујорк разговараше со шефот на ирачката дипломатија, Џавад Зариф, кој претходно се сретна со своите колеги од земјите на „шесторката“.

Техеран и Вашингтон немаат дипломатски односи од 1980 година.

 

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он