Компанијата „Ексон Мобил“ соопшти дека во тек е чистење на повеќе од 10.000 барели нафта, која се излеа по пуќање на нафтоводот во Мејфлауер во Арканзас.
„Ексон“ соопшти дека веднаш по дефектот е затворен нафтоводот Пегаз, кој има капацитет да транспортира повеќе од 90.000 барели сирова нафта дневно од Пакота, во Илиноис, Холандија,и Тексас.
Претставници на власта и локалните функционери се на самото место, а екипите за расчистување до сега исчистиле околу 4.500 барели нафта и вода, пренесе „Ројтерс“.
Квалитетот на воздухот не го загрозува здравјето на луѓето, освен на самото место на излевање, каде што екипите работат со безбедна опрема, порача„Ексон“.
Американската агенција за заштита на природната средина, излевањето го стави во категоријата на сериозни и населението од 22 куќи се евакуирани по инцидентот.
Портпаролот на Министерството за сообраќај потврди дека инспекторот од агенцијата за безбедност на нафтоводот и штетни материи е на местото на настанот за да ги утврди причините за инцидентот.
Се работи за втор случај на излевање на канадска нафта во САД. Во среда воз со сирова канадска нафта излета од шините во Минесота и во таа прилика се излеаа 15.000 галони нафта.
Елена Георгиевска