САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Од:

Белата куќа денеска соопшти дека САД се „длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти во стилот на Кремљ“, кој западните земји го критикуваа како авторитарен и инспириран од руското законодавство.

Грузискиот парламент денеска ја усвои третата и последна верзија на нацрт-законот за странски агенти, со кој беше отстранета големата пречка текстот да стане правен акт, пренесува Ројтерс.

„Ние сме длабоко загрижени за проруското законодавство на Грузија“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Таа предупреди дека доколку овој закон биде усвоен, тој ќе ги принуди САД „фундаментално да ги преиспитаат своите односи со Грузија“.

Од 15 април опозицијата и граѓанските активисти одржуваат протести во Тбилиси против овој закон.

Протестите постојано прераснуваа во судири со полицијата, а полицијата употреби бибер спреј и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили најави дека ќе стави вето на овој закон.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД