САД санкционираа над 100 луѓе и компании за поддршка на инвазијата на Украина

Од:

Соединетите држави воведоа санкции за десетици луѓе и субјекти за поддршка на руската инвазија на Украина, вклучително и приватна воена компанија, кинеска компанија и субјекти поврзани со Росатом, руската државна нуклеарна компанија.

Санкциите се однесуваат на повеќе од 120 субјекти и поединци во повеќе од 20 земји, вклучително и оние кои помагаат да се заобиколат санкциите, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Министерството за финансии соопшти дека вовело санкции за руските финансиски професионалци и оние кои овозможуваат избегнување санкции ширум светот, вклучително и Турција, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати и поединци и компании во Кина.

„САД ќе продолжат да преземаат акции против Русија и оние кои ја помагаат нејзината војна во Украина, вклучително и натамошна имплементација на заложбата на Г7 за наметнување силни последици врз актери од трети земји кои ја поддржуваат руската војна во Украина“, рече Блинкен.

Меѓу санкционираните е и приватната воена компанија „Патриот“, која Стејт департментот ја поврзува со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и со платеничката група „Вагнер“.

Санкционирана беше и кинеската компанија HEAD Aerospace Technology, која, според Стејт департментот, испратила сателитски снимки од локации во Украина до субјекти поврзани со Вагнер и неговиот лидер Евгени Пригожин.

Министерството за финансии ја санкционираше и кинеската компанија King-Pai Technology HK, која работеше за рускиот воено-индустриски комплекс. Со новите санкции се опфатени и пет субјекти и едно лице кое работи за Росатом. Самиот Росатом сè уште не е санкциониран.

Меѓу санкционираните е и USM Holdings на рускиот милијардер Алишер Усманов заедно со компаниите што ги вклучува, објави Стејт департментот.

Санкционирани се и мобилниот оператор „Мегафон“, потоа најголемиот руски производител на железна руда „Металоинвест“ со подружниците во Швајцарија и Емирати и операторот на проектот „Удокан“ за бакар и производителот на цемент Ахангарансмент од Узбекистан.

Меѓународната инвестициска банка (IIB) од Будимпешта, развојна банка во мнозинска руска сопственост, е исто така на листата.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски