САД: Рускиот брод „Москва“ се уште гори

Од:

Оштетениот руски воен брод „Москва“ се уште се бори со пожарот, изјави неименуван американски официјален претставник, пренесува Си-Ен-Ен. Се верува дека бродот претрпел значителна штета и се упатил кон Севастопол на Крим.

„Нашата проценка е дека екипажот сè уште се бори со пожарот“, изјави американски официјален претставник.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека екипажот е евакуиран и дека се преземаат мерки за влечење на бродот назад до пристаништето.

Украина тврди дека го погодила бродот „Москва“ со проектил, додека Русија рече дека причината за пожарот сè уште „се утврдува“ и дека нема „отворен оган“ на бродот.

– Не можеме да потврдиме што ја предизвикало штетата на крстосувачот Москва. Ние веруваме дека бродот претрпел значителна штета. Наша проценка е дека екипажот сè уште се бори со пожар на бродот. Но, не знаеме колкава е штетата. Не знаеме ништо за евентуални жртви. И не можеме дефинитивно да кажеме во овој момент што ја предизвика таа штета, рече американскиот претставник.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД