САД продаваат 12 хеликоптери и авион на Австралија за повеќе од милијарда долари

Од:

САД ќе и продадат 12 воени хеликоптери „Сихавк“ и еден авион за електронска војна „Гроулер“ на Австралија за повеќе од милијарда долари, соопшти Стејт департментот.

Австралија, која неодамна влезе во стратешко партнерство со САД и Велика Британија за да се спротивстави на територијалните амбиции на Кина, побара 12 хеликоптери МХ-60-Р.

Владата на САД го извести Конгресот дека одлучи да го исполни барањето, соопшти Стејт департментот.

Хеликоптерите се мултифункционални – можат да слетаат и полетуваат од брод и да извршуваат операции против копнени објекти и подморници, но и мисии за спасување, снабдување и транспорт.

Канбера, исто така, сакаше да купи Боинг ЕА-18Г Гроулер, специјализиран за попречувањ комуникации. Владата на САД го прифати и тоа барање.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари