САД привремено ја замрзнуваат одлуката за повлекување војници од Германија

Од:

Новата американска администрација во моментов ја замрзнува минатогодишната одлука за повлекување значителен број на војници од американските трупи во Германија, изјави во денешниот телефонски брифинг командантот на Европската команда на вооружените сили на САД, генерал Тод Волтерс.

Тој истакна дека одлуката за повлекување на американските трупи од Германија е „замрзната“ и оти администрацијата на претседателот Џо Бајден врши „длабинска инспекција од почетната до последната фаза“.

Според Волтерс, американскиот министер за одбрана Лојд Остин „е во процес на спроведување на многу темелно разгледување“ на одлуката на претходната администрација на САД.

– На крај, тој и претседателот на САД ќе донесат одлука, посочи генерал Волтерс, без да прецизира временска рамка.

Поранешниот министер за одбрана на САД, Марк Еспер на 29 јули 2020 година објави повлекување на 11.900 војници од Германија. Тој рече дека околу 6.400 од нив ќе се вратат во својата татковина, околу 5.600 ќе бидат прераспределени во Италија и во Белгија, а максимум 25.000 американски војници ќе останат во Германија.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина