САД прифатиле речиси 85.000 бегалци во минатата година

Од:

САД прифатиле околу 85.000 бегалци во минатата фискална година која заврши на 30 септември, соопшти Стејт департментот.

Седумдесет и два отсто од тие луѓе се жени и деца. Во САД пристигнале вкупно 84.995 бегалци од 70 држави. Седумдесет отсто од нив се од пет држави – ДР Конго, Сирија, Мјанмар, Ирак и Сомалија.

САД имаат план да прифатат 110.000 бегалци за следната фискална година.

Во меѓувреме, Апелациски суд отфрли жалба на републикански гувернер од Индијана за запирање на исполнување на негова наредба, забрана за населување на сириски бегалци во неговата држава. Мајк Пенс е кандидат на партијата за потпретседател на изборите во ноември.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД