САД пренасочуваат 589 милиони долари за борба против вирусот зика

Од:

Средствата на федералната Влада на САД, кои не беа потрошени во кампањата против вирусот ебола, ќе бидат пренаменети за борба со растечката закана од вирусот зика, соопшти синоќа американската Администрација.

Поголемиот дел од тие 589 милиони долари ќе бидат доставени до Центарот за превенција и контрола на болести, за истражување на вирусот и на аномалиите кај бебињата поврзани со него. Дел од нив ќе бидат искористени за формирање тимови за реагирање, кои ќе имаат задача да го ограничат ширењето на зика.

Националниот здравствен институт ќе продолжи да работи на производство на вакцина, а американската Агенција за меѓународен развој ќе ги концентрира напорите во борбата против вирусот надвор од САД.

Претседателот Барак Обама побара 1,9 милијарди долари за борба против вирусот зика, но Конгресот, во кој мнозинство имаат републиканците, се уште не го одобри неговото барање.

Министерката за здравство и хуманитарни прашања Силвија Метјус Бруел изјави дека има 672 потврдени случаи на заразени со вирусот на американска територија во Пуерто Рико и во САД.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД