САД предупредуваат за евентуален терористички напад врз нивни објекти во ДР Конго

Од:

Американската амбасада во ДР Конго соопшти дека добила информација за евентуална терористичка закана врз објекти на САД во Киншаса.

Таа ги предупреди американските државјани без да соопшти повеќе детали. Амбасадата на САД утре ќе биде затворена, а до американските граѓани е упатен повик за поголема внимателност и да следат дополнителни информации преку локалните медиуми.

За разлика од други африкански земји, Конго не е зафатен од екстремистички напади, иако некои експерти изразија загриженост за можни терористички врски со бунтовничка група во североисточниот дел на земјата.

На 23 декември во ДР Конго ќе се одржат историски претседателски избори. Актуелниот шеф на државата Жозеф Кабила ќе се повлече од функцијата по 18-годишно управување. САД и други држави од меѓународната заедница изразија загриженост за начинот на кој ќе бидат спроведени изборите. Власта во поранешната белгиска колонија никогаш не била предавана по мирен пат уште од прогласувањето независност во 1960 година.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски