Американската Амбасада во Алжир ги повика своите граѓани на 4 и 5 јули да ги избегнуваат американските хотели што се сопственост на американски хотелски синџири или се управувани од Американци во алжирската престолнина.
Како што пренесуваат француските медиуми, предупредувањето е издадено заради опасноста од евентуални напади денеска и утре. Во двата дена САД и Алжир ја празнуваат својата независност.
„Неидентификувана терористичка група може да испланира напади во Алжир, веројатно во близина на хотел од американски хотелски синџир“, се наведува во соопштението на американската Амбасада во Алжир.