САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Од:

Соединетите Американски Држави за првпат потврдија дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина.

„Денеска можам да потврдам дека повеќе од 10.000 војници на КНДР се распоредени во источна Русија, а повеќето од нив се преместени во западниот регион Курск, каде што почнаа да се вклучуваат во борбени операции со руските сили“, рече Ведант Пател портпарол на американскиот Стејт департмент на редовниот брифинг.

Тој истакна дека Вашингтон е „многу загрижен“ за овој развој на настаните, кој дојде едвај еден месец по извештајот на јужнокорејското разузнавање дека руските поморски бродови превезувале десетици илјади севернокорејски војници во кампови за обука на рускиот Далечен Исток.

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск