Шефот на американската Федерална агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) Брок Лонг денеска изјави дека американските власти подготвуваат опсежни мерки за реакција на ураганот Ирма, кој се очекува утре да ја погоди Флорида.
– Ураганот Ирма продолжува да биде закана, која ќе ја опустоши Флорида или некоја од јужните држави, посочи Лонг.
Тој предупреди дека некои делови од Флорида би можеле со денови да останат без електрична енергија, а можеби и подолго, како и дека на над 100.000 луѓе најверојатно ќе им треба засолниште.