САД подготвени да преговараат со Северна Кореја доколку таа ги исполни меѓународните обврски

Од:

Белата куќа денеска соопшти дека САД се подготвени да преговараат со Северна Кореја, но таа прво треба да ги исполни резолуциите на Советот за безбедност на ОН и да се согласи да ја прекине својата нуклеарна програма.

– Секогаш сме биле за дијалог и всушност сме утврдувале линии за врска со Северна Кореја, изјави Кејтлин Хејдон, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД.

Пјонгјанг денеска им предложи на САД преговори на високо ниво, со цел да се намалат тензиите на Корејскиот полуостров. Во предлогот се наведува дека разговорите треба да се одржат без никакви услови. На Вашингтон му е предложено да ги определи датумот и местото на средбата.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро