Американската амбасадорка во Обединетите Нации, Ники Хејли изјави дека САД се подготвени да користат воена сила против Северна Кореја, по последниот тест на ракети на азиската држава.
Хејли рече дека тестот на балистичка ракета со дострел до Алјаска бил неодговорен и го правел светот поопасно место.
Таа додаде дека САД се подготвени да ја искористат нивната моќ, вклучувајќи ја и воената за да се спречи Северна Кореја.