САД побараа од Пјонгјанг да ослободи приведени американски државјани од „хуманитарни причини“

Од:

Американските власти побараа од севернокорејските власти да ослободат тројца приведени американски граѓани од „хуманитарни причини“ и на еден од нив да дадат специјална амнестија за укажување на медицинска помош.

Американците Кенет Бе, Џефри Фаул и Метју Милер ја повикаа Владата на САД да им помогне да се вратат дома.  Тие упатија молба во интервју за Си-Ен-Ен, договорено од севернокорејските власти.

Бе остлужува 15-годишна затворска казна, а останатите чекаат судски процес.

– Нема поголем приоритет за нас од благосостојбата и безбедноста на граѓаните на САД во странство. Ние продолжуваме да работиме активно, за да обезбедиме ослободување на американските државјани, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Саки.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски