САД побараа екстрадиција на поранешниот заменик-претседател на Хондурас поради трговија со дрога

Од:

САД побараа екстрадиција на поранешниот заменик-претседател на Хондурас, Хаиме Розентал, кого Вашингтон сака да го изведе пред суд поради трговија со дрога и перење пари, изјави хондураскиот министер за надворешни работи Артуро Коралес.

– Ова не е ден на расот за Хондурас, ниту за неговите блиски, ниту за неговото семејство. Сите жалиме поради ова, не сакавме ова да се случи, но барањето за екстрадиција е тука, рече тој и додаде дека 79-годишниот Розентал е болен и подложен на постојани процедури за лекување.

Барањето за екстрадиција пристигнало пред 24 декември, но се одложило неговото преведување од англиски на шпански.

На 7 октомври американски суд покрена обвинение против 79-годишниот Розентал, поранешен заменик-претседател на земјата, кој се смета за еден од најбогатите луѓе во Хондурас и во Централна Америка. Обвинетите се и неговиот син Јани, кој заземаше министерска функција, како и неговиот внук Јанкел, кој е уапсен на 6 октомври во Мајами.

Тие се обвинети за перење пари на трговци со дрога преку сметки во САД. Според обвинението тие го го правеле во период од 2004 до 2015 година.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски