Сателитските слики покажуваат дека нуклеарната постројка во Северна Кореја, во која што може да се произведува плутониум, повторно е пуштена во работа, предупредува официјално лице од САД .
Од реакторот се гледа чад, кој што укажува дека е вклучен и дека наскоро ќе почне да работи.
Севернокорејскиот реактор Јонгбјон беше исклучен во април годинава, со цел да се намалат тензиите на полуостровот.
Истражувачи од Хопкинсоновиот институт предупредија дека на сателитските слики од 31-ви август јасно се гледа пареата која што излегува од реакторот, пренесе „Ројтерс“.
Оваа нуклеарка може да произведе околу 6 килограми плутониум годишно.
Елена Георгиевска