САД отстраниле закана врз поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој овој месец ќе ги посети Вашингтон и неколку други градови во земјата, информира денеска американски конгресмен, не изнесувајќи повеќе детали.
Американските власти се загрижени заради оваа посета, бидејќи папата Франциско сака да влегува меѓу народот кој се собира да го види, рече Мајкл Мекол, шеф на Комитетот за внатрешна безбедност.
-Тој е многу чувствителен човек. Сака да влезе во народот, рече Мекол за телевизијата АБЦ.
„Тоа носи голем безбедносен ризик. Внимателно ги следиме заканите со кои би можел да се соочи во текот на посетата на САД. Во еден конкретен случај веќе и ја остранивме“, додаде тој.
Мекол кажа и дека за заканата, за која не изнесе детали, слушнал на посебен састанок на американските тајни служби.
Папата Франциско во САД заминува на 22 септември и ќе ги посети Вашингтон, Њујорк и Филаделфија, наведуваат француските медиуми.