САД оптимисти за напредокот на преговорите со Куба

Од:

Американскиот претставник во преговорите за обновнување на дипломатските односи со Куба Роберта Џејкобсон изјави по вториот круг од разговорите дека тие биле мошне конструктивни и оти е можно двете страни наскоро да отворат амбасади.

Џејкобсон, којa е помошник-државен секретар на САД истакна дека е можно двете држави да успеат да ги отворат амбасадите пред Самитот на Јужна и Северна Америка, кој ќе се одржи на 10 и 11 април во Панама. Се очекува на Самитот да учествуваат американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро.

– И покрај постигнатиот суштински напредок во вториот круг од преговорите, кој се одржа вчера во Вашингтон, се уште има сериозни несогласувања, изјави Џејкобсон.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ