САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за бороба против климатските промени

Од:

САД денеска и официјално се повлекоа од Парискиот договор за бороба против климатските промени, точно една година откако администрацијата на претседателот Доналд Трам ги извести Обединети нации за тоа.

САД, најголемата светска економија и втора земја, по Кина, по емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, е прва држава која се повлекува од Парискиот договор, што беше потпишан во 2015 година од речиси сите земји.

Таквиот потег ја доведува администрацијата на Трамп во судир со сите сојузници и главните опоненти за прашањето на климатските промени.

Трамп ги повлече и сите еколошки прописи, истакнувајќи оти тие го кочат бизнисот и овозможуваат предност на другите држави. Тој повеќе пати ги оспоруваше научните факти за климатските промени.

Трамп првпат најави повлекување од Парискиот договор на САД во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина