САД официјално објавија дека армијата на Мјанмар извршила геноцид врз Рохинџите

Од:

САД официјално потврдија дека армијата на Мјанмар извршила геноцид и злосторства против човештвото со насилство врз малцинството Рохинџи, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, предупредувајќи дека се додека хунтата е на власт, никој во земјата нема да биде безбеден.

Објавувајќи ја одлуката, Блинкен истакна дека нападите врз Рохинџите биле „широко распространети и систематски“ и дека доказите укажуваат на јасна намера да се уништи ова муслиманско малцинство.

Во својот говор во американскиот Меморијален музеј на Холокаустот во Вашингтон, највисокиот американски дипломат прочита трагични и застрашувачки извештаи за жртвите, кои биле застрелани во глава, силувани и малтретирани.

Вооружените сили на Мјанмар започнаа воена операција во 2017 година со која беа принудени најмалку 730.000 главно муслимански Рохинџи да ги напуштат своите домови и да заминат во соседен Бангладеш. Во 2021 година, војската на Мјанмар ја презеде власта со државен удар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19