Барак Обама има двоцифрена предност меѓу бирачите во САД, во однос на неговиот ривал Мит Ромни по прашањето – борба против тероризам и соочување со непредвидени кризи.
Како што наведува „Вашингтон пост“, гласачите веруваат дека Обама може подобро да ја води земјата во борбата против тероризмот (53 наспроти 39 отсто), додека по прашањето – соочување со непредвидени кризи, води 52 наспроти 42 отсто.
Актуелниот претседател подобро котира и кога станува збор за водењето надворешна политика – 49 наспроти 44 отсто.
По прашањето за Израел, кое Ромни го гледа како најслаба точка во надворешната политика на Обама, кандидатот на демократите исто така добро стои, 42 наспроти 37 отсто.
Ромни во авторски текст за „Волстрит журнал“, го нападна Обама дека води пасивна политика кон Блискиот исток, што може да доведе до вовлекување на САД на тие простори.
Неговиот изборен штаб неодамна ја критикуваше администрацијата во Вашингтон, поради, како што мислат, несоодветната заштита на дипломатските лица во Либија.