САД: Новавакс ја развива првата вакцина против мутираниот тип на коронавирусот

Од:

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“, специјализирана за развој на вакцини, ја тестира својата вакцина дизајнирана посебно за борба против новиот тип коронавирус, кој се пренесува полесно, а за првпат беше забележан во Велика Британија.

„Активно тестираме серуми против новиот вид во Велика Британија“, соопшти компанијата.

Во соопштението се наведува дека тоа ќе вклучува земање крв од учесниците во истражувањето кои примиле вакцина, а резултатите за ефикасноста на вакцината ќе се чекаат неколку недели.

„Новавакс“ на тој начин им се приклучи на фармацевтските компании, вклучувајќи ги „Фајзер“ и „Модерна“, кои исто така тестираат вакцини против овој вид.

Компанијата соопшти дека верува оти вакцината ќе создаде „имунолошки одговор на сите мутации на коронавирусот“.

„Новавакс“ претходно најави започнување на третата фаза на тестирање на нејзината основна вакцина против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

ЕУ очекува испорака на вакцините Новавакс од 21 февруари

Ана Ололовска

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Од следниот месец Грција ќе почне вакцинација и со Новавакс

А1он