САД не дозволува продажба на оружје на обезбедувањето на Ердоган

Од:

Американската Администрација го повлече предлогот да се дозволи на обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да купи оружје од американско производство во вредност од 1,2 милиони долари.

Официјален претставник на Конгресот изјави дека Стејт Департментот формално го повлекол предлогот за планирана продажба.

На почетокот на годинава, Администрацијата на Доналд Трамп го извести Конгресот дека планира да му дозволи на производителот на оружје „Сиг Сауер“ од Њу Хемпшир да му продаде неколку стотици полуавтоматски пушки и муниција на еден турски посредник, кое ќе го користи обезбедувањето на турскиот претседател.

Против 19 лица, вклучувајќи и 15 припадници на турските безбедносни сили во САД, е покренато обвинение поради напад на демонстрантите пред турската Амбасада во мај годинава.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски