САД назначуваат специјален претставник за Арктикот

Од:

САД назначија специјален претставник за Арктикот за унапредување и заштита на американските интереси на Арктикот, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.

-За заштита на американските интереси и соработка со сојузниците и партнерите на Арктикот, и по долготрајни консултации со членови на Конгресот, локални и федерални владини лица … претседателот го подига статусот на координаторот за Арктикот со назначување дипломат, специјален претставник за арктички регион, изјави Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот.

Именувањето на специјалниот претставник за арктички регион треба да помине низ Сенатот.

Според Пател, специјалниот претставник ќе ја унапредува политиката на САД на Арктикот, ќе се ангажира со своите колеги од арктичките и неарктичките нации, како и со домородни групи, и тесно ќе соработува со заинтересирани домашни играчи.

Се вели дека САД остануваат посветени на конструктивна соработка во Арктичкиот совет, во кој покрај САД членуваат и Канада, Данска (го претставува Гренланд), Финска, Исланд, Норвешка, Русија и Шведска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Норвешка планира да понуди рекорден број блокови на Арктикот за истражување нафта и гас

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

СВЕТСАД ќе постават амбасадор за Арктикот поради зголемената руска воена активност

Студија: Арктикот не бил толку топол како денес повеќе од 7.500 години

Горан Наумовски

Велика Британија го зајакнува военото присуство на Арктикот

А1он

На Арктикот до крајот на векот температурата може да се зголеми за 20 степени

Ана Ололовска