САД купуваат ласерски системи во вредност од 400 милиони долари за соборување на беспилотни летала

Од:

Американската војска ќе купи ласерски системи против дронови од „АероВиромент“ во вредност од најмалку 400 милиони долари, во обид да развие поевтини и поодржливи начини за справување со растечкиот број дронови на современите боишта, изјави денес извор запознаен со планот.

Договорот со „АероВиромент“ од Арлингтон, Вирџинија, вклучува испорака на десетици системи „Локаст“, ​​изјави изворот, според „Блумберг“.

Ова ќе биде првиот производствен договор на Пентагон за ласерски систем против дронови што оди подалеку од развојот на прототипови.

Портпаролот на „АероВиромент“ одби да коментира за извештаите, додека акциите на компанијата пораснаа за повеќе од 8 проценти откако беше објавена веста.

Системот „Локаст“, ​​користејќи вештачка интелигенција, ги следи и идентификува малите и средните дронови, а потоа им помага на операторите да ги уништат со високоенергетски ласер.

Договорот, вреден речиси половина милијарда долари, е уште еден показател дека Пентагон бара поекономични начини за соборување на голем број мали и средни дронови, особено по искуствата од војните во Украина и Иран, кои ги оптоварија американските залихи на скапи пресретнувачки ракети, соопшти агенцијата.

Промотивното видео на компанијата го прикажува системот како следи и се заклучува на целта, по што ласерот го погодува дронот, кој потоа се распаѓа или паѓа на земја.

Операторите го контролираат системот преку командни конзоли, од кои едната користи уред сличен на контролер за видео игри.

Покрај развојот на систем за одбрана од дронови, Пентагон работи и на зголемување на производството на офанзивни дронови, соопшти агенцијата.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, минатата година нареди забрзување на развојот и производството на воени дронови како дел од стратегијата за воспоставување „доминација на дронови“.

Системот „Локуст“ се најде во центарот на вниманието претходно оваа година по инцидент за време на тестирањето во близина на мексиканската граница, кога Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) привремено го затвори воздушниот простор над Ел Пасо, Тексас.

Според извори запознаени со ова прашање, системот погрешно идентификувал и соборил дрон управуван од персоналот на американската царинска и гранична заштита на границата меѓу САД и Мексико за време на тестирањето, објави Блумберг.

Би можело да ве интересира

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош