Пентагон ќе потроши 572 милиони долари за купување на 30 руски воени хеликоптери, кои ќе ги користи војската во Авганистан, пренесе Ројтерс.
Хеликоптерите Ми-17 ќе ги користи специјалната единица за борба против тероризам и наркотици и за специјални операции.
Пентагон очекува работата да заврши до крај на 2014 година, а договорот со руската компанија Рособоронеекспорт вклучува и резервни делови, тестна оперма и техничка поддршка.
Елена Георгиевска