БТА – Софија
Закана за националната безбедност. Така државниот секретар Џон Кери го нараче предлогот на републиканскиот претендент за Белата куќа, Доналд Трамп, за забрана за влез на муслимани во САД, затоа што, според него, тие негуваат омраза кон Америка.
– Срам за Америка, реагираше саудискиот милијардер и член на кралското семејство, принцот Валид бин Талад.
– Со оваа изјава Трамп се дисквалификуваше од претседателската функција. Неговата кампања е преполна со историско ѓубре, објави Белата куќа.
Нарушувајќи го принципот за немешање во претседателската трка во странска држава, британскиот премиер изјави дека целосно не се согласува со зборовите на Трамп, кои се сосема погрешни.
– Многу полошо и од Волдемор, изјави Џоан Роулинг, авторката на Хари Потер.
– Г-дин Трамп сее омраза и дезинформации. Единствениот непријател ни е радикалниот ислам, рече францускиот премиер Мануел Валс.
Според Карин Фиорина, републикански претендент за Белата куќа, идејата на Трамп е божиќен подарок под елката на Хилари Клинтон – неспорната фаворитка за демократската претседателска номинација, која на Твитер напиша: „Кажете му на Трампт дека омразата не е американска вредност“.
Генијалната идеја на Трамп, САД да се затворат за муслиманите по терористичките напади во Сан Бернардино во Калифорнија, каде тешко вооружени маж и жена со пакистанско потекло застрелаа 14 лица на предбожиќен ручек, е неизведливо и неубаво од секоја гледна точка.
Според „Економист“, проблем е што месеци наназад електоратот го издига Трамп како фаворит меѓу претендентите за републиканска претседателска кандидатура. Тој не слегува од медиумската сцена затоа што неговите пораки им се допаѓаат најмногу на белите избирачи без универзитетско образование.
Но, во малата држава Ајова, која е со голема политичка важност затоа што на 1 февруари таму ќе бидат првите внатрепартиски избори на републиканците за претседателска номинација, Трамп беше надминат по популарноста од ултраконзервативниот сенатор од Тексас, Тед Круз.
Предизборната кампања во САД е најкоментирана тема на Фејсбук за 2015 година во целиот свет и на сите јазици, соопшти социјалната мрежа со милијарда и пол корисници. Следуваат нападите во Париз од 13 ноември, војната во Сирија, земјотресот во Непал, грчката должничка криза…
Најспомнувани политичари годинава на Фејесбук биле Барак Обама, Доналд Трамп, Хилари Клинтон и бразилската претседателка Дилма Русеф.
Потресот – „речиси перфектна бура“, според Ројтерс – предзивикана од директната пазарџиска изјава на градежниот магнат, се карикатурна илустрација за кризата на американското раководство. Таа тлее и во САД и во странство од самиот избор на Барак Обама за претседател и нејзин најилустративен израз е мрачниот подем ма џихадистичката Исламска држава.
За време на осумгодипното управување на Обама кое формално ќе заврши во јануари 2017 година, САД се повлекоа од улогата на лидер во евроатланската заедница и во демократскот свет и го загубија статусот на единствена глобална суперсила, што ја имаше по распаѓањето на Советскиот сојуз и крајот на Студената војна.
Претседателот изврши преориентација на американската надворешна политика кон Азија и резултатот од тоа беше се поголем раст на Кина на светската сцена и трка за регионално влијание меѓу Турција, Иран и Саудиска Арабија. Русија го анектираше Кримскиот Полуостров, навлезе во источна Украина и воено се вмеша во Сирија и го поддржа на претседателот Башар Асад.
– Првпат од седумдесетите години на минатиот век, САД и ја отстапија на Русија инцијативата на Блискиот Исток, напиша „Економист“. Безизлезна се покажа и стратегијата на Обама и во Авганистан и во Ирак.
Во говорот пренесуван во живо на телевизија од Овалната канцеларија во Белата куќа на 7 декември, Обама вети дека САД ќе надвладеат над терористичката закана која навлегла во нова фаза. Но, тој не најави никакви промени во својата стратегија за разбивање на џихадистичката Исламска држава во Сирија и Ирак, иако џихадистите извршија терористички напади на многу други места низ светот – во Либан, Турција, Либија, Египет, Франција, а можеби и во САД.
– Со овој говор Обама направи неубедлив обид да ја одбрани својата политика која е пропаст, рече претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан.
– САД не ја добиваат битката со Исламска тадржава, изјави Хилари Клинтон.
Крајната сметка од двата мандати на Обама ќе биде направена во текот на 2016 година, која во САД ќе мине под знакот на кампањата за претседателските избори на 8 ноември. Но, отсега е јасно дека кризата на раководството нема да биде надмината и колапсот на некогашната суперсила ќе продолжи.