САД ќе остават повеќе војници во Авганистан од претходно планираното

Од:

САД се подготвени да го зголемат бројот на своите војници, кои планираат да ги остават во Авганистан следната година, со цел да ги пополнат ослободените места во мисијата на НАТО од страна на другите држави.

Конечната бројка се уште се утврдува, но ќе биде речиси со неколку стотина повеќе од првично планираните 9.800 луѓе.

Според високи официјални претставници, доколку тоа не се направи, мисијата може да ги загуби базите.

САД би можеле да испратат и 1.000 дополнителни војници како „времено решение“, додека другите држави ги исполнат своите ветувања во текот на годината или веќе не е потребно присуство на војници.

Дополнителните американски војници ќе бидат вклучени меѓу силите на НАТО, кои ќе останат во Авганистан, за да вршат обука, да советуваат и да им помогнат на авганистанските сили во новата мисија, наречена „Решителна поддршка“.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски