САД ќе испратат оружје во Сирија

Од:

Администрацијата на американскиот претседател, Барак Обама би можела во август да започне со испорака на оружје на сириските бунтовници, пренесе „Ројтерс“.

Британската агенција, ја пренесе изјавата на претседателот на конгресниот одбор за безбедност, Мајк Роџерс, кој рече дека администраијата сега може да продолжи со подготовките за испорака на оружје.

Одлуката за тоа наводно е донесена откако Конгресот го отфрли сомнежот дека оружјето би можело да дојде во рацете на исламските екстремисти.

-Важно е да напоменеме дека ние и понатаму сме резервирани кон таа идеја, но со консензус прифативме да продолжиме со планот, додаде Роџерс.

Британската агенција наведува дека во текот на последните неколку месеци, силите на претседателот Башар ал Асад освоиле значаен дел од територијата и дека се во постојани офанзиви.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху