САД ќе им продадат на Обединетите Арапски Емирати ракети „Патриот“ за две милијарди долари

Од:

САД ќе им продадат на своите сојузници Обединетите Арапски Емирати, 160 ракети „Патриот“, во вкупна вредност од околу две милијарди долари, соопшти американското Министерство за одбрана.

Како што се бараше при договорот за продажба на оружје од Вашингтон, Стејт департментот одобри продажба на 160 ракети, што беа побарани од Обединетите Арапски Емирати, а Министерството за одбрана за тоа го информираше Конгресот, кој има право да се спротивстави, се прецизира во соопштението на Пентагон.

Овој договор за вооружување „ќе биде придонес кон надворешната политика и националната безбедност на САД, бидејќи ќе ја зајакнат безбедноста на нашите важни сојузници, што биле и продолжуваат да бидат сила што соработува за политичката стабилност и економскиот напредок на Блискиот Исток“, посочи Пентагон.

Продажбата на 60 ракети „Патриот Пи-Еј-Си-3“ и 100 ракети „Патриот Џи-И-Ем-Ти“ ќе ја зголеми способноста на Обединетите Арапски Емирати да одговори на денешните и идните закани од страна на леталата и ракетите, дополни Пентагон.

Договорот „нема да го промени воениот баланс во регинот“, нагласи американското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија