САД ќе го прогласи Муслиманско братство за странска терористичка организација

Од:

Администрацијата на Трамп работи на тоа најстарото египетско исламистичко движење Муслимаско братство да го прогласи за странска терористичка организација, соопшти денеска Белата куќа.

– Претседателот се консултираше со својот тим за национална безбедност и лидерите во регионот, кои ја делат неговата загриженост и на прогласувањето се работи низ внатрешен процес, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сендерс.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси побара од американскиот претседател Доналд Трамп да го прогласи Муслиманското братство за терористичка организација, што Египет веќе го стори.

Мулиманското братство дојде на власт на првите слободни избори во модерен Египет во 2012 година, една година по симнувањето од власт на долгогодишниот автократ Хосни Мубарак преку народно востание. Движењето сега е забрането и илјадници негови поддржувачи и голем број лидери се во затвор.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он