САД ја укинаа забраната за достава на 10 хеликоптери „Апачи“ на Египет, забрана што беше воведена минатата година откако армијата го собори претседателот Мохамед Морси и воведоа санкции против неговите приврзаници.
Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел телефонски го известил египетскиот министер за одбрана генерал Седки Собхи за одлуката
– Секретарот изрази уверување дека новите хеликоптери ќе и помогнат на египетската Влада да се справи со екстремистите, кои се закана за безбедноста на Египет, на САД и на Израел, изјави портпаролот на Хејгел, Џон Карби.