Американскиот Стејт департмент ги поддржува напорите на Шпанија да го спречат осамостојувањето на Каталонија.
Според официјален Вашингтон, Каталонија е интегрален дел на земјата која има поддршка од САД да остане единствена.
– Каталонија е интегрален дел на Шпанија. САД ја поддржува Владата на таа држава во уставните мерки да ја одржат државата силна и единствена, изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт.