Канада и САД ќе организираат средба за кризата со Северна Кореја на која ќе учествуваат повеќе држави сојузнички на Јужна Кореја.
Средбата е предвидена за средината на јануари во канадскиот град Ванкувер.
На средбата ќе бидат покенти државите кои им се придружија на САД во Корејската војна во борбата против комунистичките сили помогнати од Кина и Советскиот Сојуз.
Меѓу овие држави се Австралија, Белгија, Велика Британија, Грција, Нов Зеланд, Тајланд, Турција, Филипините, Франција и Холандија, Дополнително на собирот се поканети и Индија, Јапонија и Јужна Кореја.