САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа вонредна седница на СБ на ОН за Северна Кореја

Од:

САД, Јапонија и Јужна Корја побараа вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради тестот на балистичка ракета, кој вчера го изврши Северна Кореја, изјави претставник на американското постојано претставништво во ОН.

Тој изрази очекување дека Советот за безбедност ќе се состане денеска попладне по локално време.

САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија загриженост поради новата провокација на затворената комунистичка држава.

Претходно, Северна Кореја го означи ракетното тестирање како успешно.

Во соопштението, објавено од државните медиуми Северна Кореја нагласи дека пробно истрелала нов вид балистичка ракета со тврдо гориво, способна да носи нуклеарна боева глава, со среден до голем дострел.

Тестот со ракетата „Пукугсон-2“ бил раководен лично од севернокорејскиот државен лидер Ким Џонг-ун.

Во соопштението Северна Кореја изрази намера за натамошен напредок на ракетната програма, која ја развива нарушувакжи ги резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Северна Кореја вчера истрелала ракета од полигонот на западното крајбрежје кон Јапонија, која прелетала околу 500 километри пред да падне во тој воден басен.

Во соопштението се додава дека ракетата била истрелана под висок агол со цел да на бидат изложени на опасност соедните земји.

Според јужнокорејски воен извор ракетата достигнала височина од 330 километри.

– Балистичката ракета истрелана од Северна Кореја можеби е усовршена верзија на ракетата со среден дострел „Мусудан“, соопштии вчера Комитетот на на началникот на штабовите на вооружените сили на Јужна Кореја.

– По се изгледа дека тоа била модифицирана ракета со среден дострел „Мусудан“. Дострелот на таа ракета е од 2.500 до 4000 километри, изјави изворот на Комитетот.

Би можело да ве интересира

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна