Американската Влада планира да ја зголеми својата помош за западноафриканските земји кои се борат со епидемијата на ебола така што ќе испрати три илјади припадници на војската во погодените региони, кои ќе пружат медицинска и логистичка поддршка на локалното здрвство.
Ова, според најавите, денеска ќе го објави американскиот претседател Барак Обама за време на посетата на федералниот Центар за превенција и контрола на болести во Атланта.
Еболата досега зеде над 2.400 човечки животи, најмногу ви Нигерија, како и во соседна Гвинеја и во Сиера Леоне, каде системот на здравствена заштита не можеше да се избори со епидемијата.
Претставниците од американската администрација вчера најавија дека новите иницијативи опфаќаат обука на 500 здравствени работници неделно, изградба на 17 здравствени центри со по 100 кревети во погодените региони, воспоставување заеднички команден центар во Монровије во Либерија кој би ги координирал хуманитарните напори на СД и на меѓународните организации.
Со американскиот план се предвидува и за повеќе стотици илјади домаќинства да се обезбеди прибор за прва помош, вклучувајќи 50 илјади комплети кои Американската агенција за меѓународен развој ќе ги испорача во Нигерија оваа недела.
Една од мерките е и спроведување кампања со цел локалното население да се запознае со правилата на псотапување со заразените пациенти.
Американската администрација за сузбивање на еболата веќе одреди околу 100 милиони долари во вид на заштитна опрема за здравствени работници, храна и вода, како и за медицинси и хигиенски средства.