САД ја предупредија Турција за нејзините акции во Сирија

Од:

САД за прв пат ја предупредија Турција околу нејзината операција во Сирија, порачувајќи дека борбите меѓу турските сили и протурските бунтовници, од една и Алијансата на курдсите сили, од друга страна, е неприфатливо и тоа мора веднаш да биде запрено.

Пратеникот на анти-ИД коалицијата, предводена од САД, Брет Мек Гарк, изјави дека Вашингтон настојува да спречи конфликт меѓу нејзините сојузници.

„САД не се вклучени во ова што сега се случува. Активностите се одвиваат некоординирано со американските сили кои не ги подржуваат војувањата„- изјави Мек Гарк.

Тој забележува дека судирањата каде не се присутни џихадистите на ИД претставуваат „извор на сериозна загриженост„ на САД.

Турција почна операции на сириска територија тврдејќи дека настојуваат да ги потиснат и да ги уништат силите на ИД, но и на курдските „терористи“.

Со помош на турската армија, протурските бунтовници од „сириската слободна армија„ ги протераа џихадистите од ИД од градот Џараблус, но потоа се насочија кон соседните села, под контрола на Сириските демократски сили (СДФ), во кои главнината ја сочинуваат припадниците на курдската Единица за народна заштита (ЈПГ).

Турските сили одлучија да навлезат на сириската територија, откако здржените курдски единици, пред две недели, го освоија градот Манбиџ, што беше под контрола на ИД, потпомогнати од американската авијација.

Офицјална Анкара стравува дека успехот на Курдите во Сирија и нивното запоседнување на северната граница, би можело да ги охрабри „терористите“ од ПКК во Турција да го засилат своето дејствување во југостичниот дел од земјата и да побараат автономија.

Припадниците на курдската ЈПГ, меѓутоа, ја обвинуваат Анкара дека турските сили во Сирија имаат намера да го окупираат северот на сириската територија, за да создаат појас без курдско воено присуство.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени